ОВЕН
Промените на работното место ќе се случат со ваша помош. Вашето присуство е задолжително. Не одете на службено патување, бидејќи вашите идеи може да бидат одбиени затоа што не можете директно да ги одбраните. Со одговорен однос кон предлозите на колегите, си гарантирате зголемување на платата. Можно е, доколку сте коректни и одговорни, да ви биде понудена повисока позиција.
БИК
И покрај добрите приходи на вашата лична банкарска сметка денеска, ќе потрошите многу енергија и нерви за да се справите со вашите задачи. За жал, причината лежи во туѓите грешки, а вие не сакате да бидете губитници. Задлабочете се подлабоко во вашите должности и ќе успеете. Ќе бидете незадоволни од себеси, но ова чувство е привремено. Не се соредочувајте на критиките упатени на ваша сметак и не се нервирајте.
БЛИЗНАЦИ
Денот е неповолен за активна работа. Очекувајте непријатности уште од претпладнето. Бидете воздржани во однесувањето. Вашата нервоза влијае и на работното место. Немате желба да работите, па затоа имате тенденција да приговарате и да го обвинувате целиот свет за она што се случува. Причината за вашите проблеми е вкоренета во тоа што сте ги нарушиле односите во домот.
РАК
Не започнувајте нови задачи до пладнето. Во попладневните часови ќе бидете успешни. Прво, размислете и разговарајте за нив уште еднаш. Во текот на денот ќе ве следи успехот, доколку не го потрошите во безначајни определби. Бидете искрени во вашите барања и не кријте ги вашите тврдења од колегите, за кои не треба да ги дознаваат од надворешни лица.
ЛАВ
Најдете начин да ја зголемите вашата желба за работа. Сè постигнувате со многу труд. Одвојте време да ги споделите вашите идеи и планови. Одложете ги закажаните деловни состаноци. Разговорите што морате да ги правите се здодевни и тоа го правите без волја, но луѓето наспроти вас го прифаќаат и може да ве доведат во заблуда.
ДЕВИЦА
Вашата желба да бидете на прво место и да ги гледате само своите успеси не ви дозволува да бидете реални, ви го замаглува сфаќањето и ве води до неуспех. Не сте особено активни на работното место. Очекувате да добиете пофалби за да заблескате пред колегите, но во ред е да ги заработите.
ВАГА
Концентрирајте ги силите за да се справите со проблемите кои се појавуваат од утрото. Не го разјаснувајте вашиот однос со луѓе кои малку ги познавате или ги запознавате денеска. Одложете ги деловните состаноци дури и доколку вашите колеги инсистираат да ги одржат. Не разговарајте за прашања поврзани со идни деловни потфати.
ШКОРПИЈА
Вашите успеси се придружени со проблеми и препреки, кои не треба да ги претворите во причина да се сомневате во себеси. Способни сте да се справите со сите ваши задачи. Бидете трпеливи и ориентирани кон целите. Не покажувајте нетрпеливост на вашето работно место. Внимавајте на неочекуваните деловни и лични познанства.
СТРЕЛЕЦ
Очекувајте да ви понудат нова работа. Денот е тежок, но не ве спречува да дадете согласност и да го свртите текот на настаните во ваша полза. Бариерите што си ги поставувате себеси и вашите грижи не се оправдани. Не се откажувајте од намерата да ги завршите започнатите задачи кои веќе ве оптоваруваат.
ЈАРЕЦ
Непредвидените трошоци ќе ви ги намалат заштедите. Не се навикнувајте на тоа и не го сфаќајте овој факт како непријатност. Избегнувајте патувања и деловни состаноци кои ќе бидат неуспешни. Закажете разговори со влијателни луѓе за следната седмица доколку знаете дека можете да сметате на нив и да ги одржувате во заемно погодно време.
ВОДОЛИЈА
Зафатете се со вашите рутински обврски и не закажувајте деловни состаноци. Тие ќе пропаднат ако не ви е јасно што очекувате. Вашите надежи нема да се исполнат доколку не сте подготвени со предлози и барања. Стабилизирајте го постигнатото и внесете хармонија во вашите односи на работното место, кои во моментов минуваат низ уште една криза.
РИБИ
Денеска сте задоволни со сѐ што е поврзано со деловната страна од вашиот живот. Не е исклучено да ве разочарат постапките на блиски луѓе, но треба да ги анализирате и сопствените недостатоци. Одлично ви оди на работното место. Деловните состаноци се успешни. Ќе ги решите долгогодишните проблеми меѓу колегите со кои тие не можат да се справат.
извор:нетпрес.ком.мк