Живот и стил

Дневен хороскоп: Вторник 04-ти Мај 2024 година

Дневен хороскоп: Вторник 04-ти Мај 2024 година

ОВЕН
Поради покажаната некоректоност од ваша страна, го заслуживте гневот од колегите, кој околу пладне ќе ви се урне врз главата. Обидете се да се извините и да ја разјасните причината за вашите непромислени постапки. Доаѓаат промени за вас поради неочекувани деловни контакти. Нема да бидат профитабилни и успешни за вас.

БИК
Денеска не донесувајте конечни одлуки за да избегнете грешки. Одбегнувајте средби со непознати лица кои сакаат да станат ваши деловни партнери и не прифаќајте ги нивните предлози за инвестирање, дури и доколку тие се блиски со ваш колега. Си создавате проблеми на работното место и тешко ќе се справите со нив, лишувајќи се од почитта и поддршката од колегите.

БЛИЗНАЦИ
Промените се во ваша полза доколку сте претпазливи и умерени и не брзате да им се спротивставите. Имате можност да изградите цврста основа за иден професионален и материјален успех. Ќе се чувствувате полни со енергија и шанса да ги откриете своите таленти. Денот е совршен за да се изразат оние од вас кои се занимаваат со уметност или со научна работа.

РАК
Преиспитајте ја вашата намера да ја промените работата, бидејќи тоа може да испадне на ваша штета и ќе бидете измамени со неисполнети ветувања. Побарајте потврда од вашите идни шефови дека ви ја даваат ветената повисока плата за да ја имате таа важна писмена гаранција. Ако не го сторат тоа, откажете се од промената. Внимателно анализирајте ги вашите постапки и што се случува на вашето работно место.

ЛАВ
Подготвени сте да ризикувате без да размислувате за последиците. Вашата желба да постигнете материјален успех може да стане причина за загуби, поради ветувањето за непромислени вложувања, за кои ќе зажалите уште денеска. Иако денот носи шанса за материјален успех, одложете го потпишувањето на финансиските документи и склучувањето финансиски зделки.

ДЕВИЦА
Недостигот од добро расположение ќе ве спречи да се справите со обврските на работното место. Тешкотиите се надминуваат со справување со задачите. Доколку вашите одлуки се поврзани со вашите професионални планови, ќе се спасите од грешки, но не избрзувајте.

ВАГА
Недостигот од разбирање на работното место ја блокира вашата желба да се справите со вашите задачи. Не ризикувајте и не влегувајте во непотребна расправија со колегите. Избрзаните одлуки ќе бидат на ваша штета. Бидете смирени. Изразете ги своите способности доколку се занимавате со уметност или научна работа.

ШКОРПИЈА
Тешкотиите на патот кон успехот бараат да останете смирени. Ве очекува успешно решавање на деловните проблеми кои ви тежат и ве спречуваат активно да работите. Ќе бидете задоволни со приходите. Оние од вас кои имаат стабилни и добро платени работни места ризикуваат да ја загубат својата можност за професионален развој.

СТРЕЛЕЦ
Ви претстојат неколку деловни состаноци. Понудите кои ви ги упатуваат вашите познаници се примамливи и ви ветуваат професионален подем. Разговарајте за нив со вашиот адвокат и дури потоа донесете одлука. Подобро одложете го потпишувањето финансиски документи или склучувањето банкарски и финансиски зделки за следната седмица.

ЈАРЕЦ
Уште еднаш сте разочарани поради неочекуваните професионални пресврти. Ако бидете внимателни, ќе можете да избегнете сериозни финансиски загуби и да ја одржите стабилноста. Неочекуваните настани ви гарантираат признание и ќе ја побудат желбата на вашите непријатели да ви наштетат, но вие сте импресионирани од сопствените достигнувања и не им обрнувате никакво внимание.

ВОДОЛИЈА
Патувајте и спроведете ги закажаните деловни состаноци кои сте ги одложиле поради немање слободно време. Анализирајте ги вашите постапки и бидете внимателни со зборовите. Не грижете се, доколку не патувате или кога ќе се вратите дома, средете ги личните и деловните документи. Несфаќањето што го покажуваат колегите ќе ве спречи да продолжите напред.

РИБИ
Стабилизирајте го она што сте го постигнале на работното место, иако сакате да направите нов почеток за кој сѐ уште не е дојдено вистинското време. Направете темелна анализа на резултатите од вашата работа и исправете ги грешките пред да размислите за нови проекти. Очекувајте приходи. Можно е да ви бидат исплатени неочекувано големи хонорари.

извор:netpres

To top