ОВЕН
Денеска е можно затегнување на односот со близок пријател. Вашите желби може да не се совпаѓаат со желбите на луѓето од вашата околина ќе мора да вложите повеќе труд за да дојдете до заемно прифатливо решение.
БИК
Денешната препорака до вас е да ја прифатите промената. Настаните во текот на денот ќе станат мост меѓу минатото и иднината, за доброто на нешто ново, ќе почнете да се ослободувате од старите обврски, од навиките, можеби дури и ќе се разделите со некоја личност.
БЛИЗНАЦИ
Денот ќе биде понапнат, а љубовниот живот е областа каде што треба да бидете особено внимателни. Настојувајте да постигнете разбирање, направете компромиси доколку сакате вашата врска да биде исполнета.
РАК
Нема смисла да се пренапрегнувате денеска, и онака нема да завршите многу задачи. Дајте си повеќе време да се одморите и да се опуштите како што ви одговара. Бидете искрени со саканата личност, споделете го она што го чувствувате.
ЛАВ
Денеска бидете поштедливи во ветувањата, бидејќи постои можност да не ги исполните. Ориентирајте се на помирните активности и на забавата и не се обидувајте токму сега да најдете решение за некои емотивни проблеми, уште подлабоко ќе потонете во нив.
ДЕВИЦА
Правете ги само најитните работи и не очекувајте многу од денот. Домашните работи ќе ви се наметнат, па доколку уживате во чистење и средување, лесно можете да го направите тоа. Можеби ќе почувствувате љубомора и ќе направите сцена, иако вашите сомнежи се веројатно неосновани.
ВАГА
Доколку денеска некој претерува и ја искористи вашата дарежливост и наклонетост, разговарајте смирено со дотичниот и објаснете му што е дозволено а што не, на што може да се смета и каде е помината границата. Постои можност или да станете љубоморни на партнерот, или самите да станете предмет на љубомора.
ШКОРПИЈА
Денеска вие и вашата сакана личност може да почнете да се обвинувате меѓусебно или, пак, некој од вас да се почувствува, грубо кажано, изигран за нешто. Добро е да си признаете, особено пред себеси, што чувствувате, а не да криете сè во вас. Малку позитивност нема да биде излишно денеска.
СТРЕЛЕЦ
Денеска односите со вашите најблиски нема да се одвиваат без проблеми. Постои можност некој да ве исфрли од колосекот и да реагирате побурно од вообичаено. Најверојатно сте во право, но сепак обидете се мирно да им објасните на другите што не е во ред.
ЈАРЕЦ
Денешните настани ќе ви кажат колку реално сте ги оцениле и вашите романтични и пријателски односи со луѓето. Иако не е убаво да се чувствувате разочарани, обидете се да не држите лутина или да не станете негативни. Можно е вие самите да сте одговорни за ситуацијата или да сте имале преголеми очекувања.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува среќен ден во кој ќе имате големо расположение и желба да се впуштите во авантури. Но, треба да бидете поумерени во сè што правите, не трошете прекумерно, не добивајте вртоглавица и не негувајте екстремни високи очекувања од себеси и од другите.
РИБИ
Денеска не дејствувајте, туку набљудувајте – вашите мисли и чувства може да го дадат тонот за она што ќе се случи во вашиот живот во наредните месеци. Ако атмосферата во вашиот дом е понапната или ви доаѓаат мрачни мисли, почестете се со нешто, на пример, пријатни искуства или некој вид третман на телото.
извор:нетпрес