Овен
Овните имаат многу обврски, па ќе биде потребно да се организирате што е можно подобро за да успеете да ги фатите сите конци. Во љубовта треба да работите заедно еден за друг, а таму нема голема мудрост.
Бик
Веќе на самиот почеток на новата работна недела ќе ви треба многу смиреност за без нервоза да поминете низ ситуации кои најмногу ќе ги предизвикаат другите. Напната ситуација може да биде и на вашиот љубовен план. Ваше е да не долевате масло на огнот.
Близнаци
Она што можете да го очекувате во текот на овој понеделник е работите да се одвиваат со малку побавно темпо, на што нема да можете многу да влијаете. Можни се и ненадејни промени од техничка природа. На љубовен план ве очекува променливо расположение. Не се закачувајте на малите нешта, не вреди.
Рак
Сè што е поврзано со планови, проекти, документи кои веќе сте ги започнале може да наиде на забавување на самиот почеток на оваа работна недела. Бидете трпеливи, бидејќи некои работи не зависат само од вас. Ве очекува многу убав и со позитивна енергија ден на љубовен план. Поминувајте што е можно повеќе време во заеднички активности со саканата личност.
Лав
Иако се можни мали предизвици, на Лавовите им претстои ден кој треба да го посветат на целосен ангажман и посветеност на поставените деловни цели. Обрнете внимание на потенцијалните љубовни сигнали кои можеби ви доаѓаат од деловното опкружување, некој на кој досега не сте обрнувале внимание.
Девица
На Девиците им претстои доста динамичен и на моменти хаотичен работен ден. Важно е да не пропуштите некои важни детали. Можно е да започнете нова приказна со стара симпатија. Препуштете се.
Вага
Постои можност за недоразбирање, па пред да реагирате, обидете се да ги расчистите работите со соработниците на посмирен начин. Подготвени сте да промените нешто што досега не ви одговарало и дефинитивно ќе успеете.
Скорпија
Обрнете многу внимание на документацијата, извештаите, бидејќи ненамерно можете да направите сериозни грешки. Нервозата од работа не треба да ја пренесувате на љубовно поле. Ако имате лош ден, само кажете го тоа.
Стрелец
На самиот почеток на работната недела ќе имате послаб фокус и чувство дека постојано се вртите околу една иста работа. Денес се може да ви пречи на полето на љубовта, па можеби најдобро би било некако да се повлечете, ќе има помала штета.
Јарец
Иако многу работи ви се одвиваат денес, подгответе се малку да се борите за вашите ставови, особено со оние кои не ги делат вашите мисли. Не е најповолен ден за водење сериозни разговори и покренување чувствителни теми, оставете го за друг ден.
Водолија
Имате многу позитивна енергија и работна етика, но таа енергија мора да ја насочите на вистински начин и на вистинските деловни потези. Искористете ги слободните моменти за да бидете со саканата личност. Уживајте во поддршката и разбирањето што ви ги дава.
Риби
Почетокот на неделата носи конфузија кај Рибите со сите, соработниците, деловните партнери, претпоставените. Искористете го советот на постар, поискусен колега. Ако некои работи не ви се допаѓаат во љубовта, обидете се да ги решите, но ќе мора да бидете многу трпеливи и упорни.
извор:ТВ21