ОВЕН
Од утрото со вас владее емоцијата, која уште еднаш е поврзана со вашите постапки од претходниот ден. Доколку бевте разумни и не се расфрлавфте со парите, сега ќе ви беше понудена профитабилна инвестиција. Радувајте се на материјален успех. Не одбивајте понуди за дополнителна работа. На овој ден судбината ве штити, но добро би било самите да бидете претпазливи.
БИК
Емоцијата го надвладува вашиот разум. Неповолниот развој на вашите планови на работното место влијае на вашето расположение. Наместо да бидете напнати и конфликтни, можете да ги свртите настаните во ваша полза. Избегнувајте средби со луѓе кои ве користат и денеска повторно ќе ви побараат заем.
БЛИЗНАЦИ
Причината поради која сте во лошо расположение е вашето одбивање да започнете со поправките во домот. Не сте склуни на трошоци. Прво справете се со професионалните обврски, а потоа разјаснете ја причината за вашето отфрлањето. Влегувате во фаза од вашиот живот која бара максимално внимание од вас за да ви даде чувство на радост и да ви даде дополнителна енергија и сила.
РАК
Не избрзувајте за да не создадете проблеми на работното место. Водете деловни разговори со трпение и тактичност. Вашите состаноци се успешни. Судбината ви дава можност да ги изразите своите таленти. Денеска може да пожнеете успех кој ќе ви донесе признание од колегите, но дали ќе го направите тоа зависи од вас и од никој друг.
ЛАВ
Посветете им се на тешкотиите во вашиот личен живот. За еден ден успеаја да ви создадат проблеми, предизвикани од грешките на вашите блиски, со кои треба уште еднаш да се справите. Напнати сте на работното место. Немате причина да бидете агресивни кон колегите и покрај неможноста да се оттргнете од мислите за вашите блиски, но исполнете се со оптимизам, бидејќи ќе се справите со сѐ.
ДЕВИЦА
Од утрото сте напнати и ќе мора да постигнете компромис меѓу вашите желби и обврски. Не зборувајте гласно со колегите, бидејќи и онака нема да ве слушнат. Не се расправајте зајадливо. Одложете ги деловните разговори, бидејќи ќе бидат неуспешни. На работното место не ризикувајте и не одбивајте понуди за помош, за да не го уништите постигнатото.
ВАГА
Патувајте ако можете и ќе се чувствувате добро, но само доколку не сте нервозни и напнати. Бидете внимателни на состаноците и при склучувањето нови деловни познанства. Пазете се од колегите кои сакаат да ве искористат. Вашата лековерност е причината поради која се обидуваат да ви наштетат.
ШКОРПИЈА
Бидете внимателни бидејќи може да бидете опкружени со непријатели. Ако покрај вас имате колеги кои ви даваат поддршка, одете самоуверено кон остварувањето на вашите соништа. Одржувајте деловни состаноци и, доколку е возможно, заминете на службено патување. Сите промени поврзани со вашите професионални идеи и материјална стабилизација ќе ви донесат успех, но не преземајте ги набрзина.
СТРЕЛЕЦ
Повторно сте подложни на промени. До пладне работете сами, а потоа зафатете се со вашите обврски заедно со колегите. Не донесувајте никакви екстремни деловни одлуки. Со позитивен и сигурен нов почеток, дејствувајте брзо и не пропуштајте ја вашата шанса за успех. Не се впуштајте во ризични зделки.
ЈАРЕЦ
Пред вас е тежок, но успешен ден. Бидете внимателни при запознавањата со нови луѓе, што може да ви донесе професионални проблеми. Стабилизирајте го она што сте го постигнале досега. Иако сте побавни, работата ви се одвива. Не плашете се и покажете дека сте подготвени да дејствувате самоуверено само во насока на зацртаната цел.
ВОДОЛИЈА
Прекинете ги старите договори, не дозволувајте нескротливите емоции да ве спречат да бидете реални. На работното место најмногу жнеете успеси поврзани со материјалното стабилизирње. Ако позајмуваате пари, кај некој ќе предизвикате непријатност. Не е во ваш најдобар интерес да одбиете дополнителна работа. Нема да се преоптоварувате, а приходите ќе бидат одлични.
РИБИ
Денеска сте во променливо расположение, што е типично за вас, но доволно е само тоа не ви наштети. Вашата несериозност може да стане причина за недоразбирања и пропуштени шанси за финансиски успех. Не создавајте нови деловни контакти. Бидете внимателни со новото познанство, бидејќи тоа ќе биде разочарувачко во иднина.
извор:нетпрес.ком.мк