ОВЕН
Денеска ќе имате можност да внесете јасност во односот со блиска личност и да го видите во вистинското светло. Сега ќе биде тешко некој да ве измами, но ако во минатото сте биле премногу самоуверени, денеска ќе мора да ги прифатите последиците. Доколку се занимавате со креативно хоби, ќе имате инспирација да постигнете одличен резултат.
БИК
Денеска не преземајте туѓи обврски, дури и ако тоа вклучува некој близок. Ако го носите целиот товар заради односите или семејството, само вие ќе правите компромиси а тоа не е во ничиј најдобар интерес. Ако треба да работите денеска, не се преоптоварувајте, бидејќи завршувањето на задачите ќе биде попречено.
БЛИЗНАЦИ
Денеска може да се соочите со тежок предизвик. Ако проблемот е финансиски, ќе мора да посегнете кон подлабоки резерви, а ако се работи за заемни односи, на вашата внатрешна сила. Ќе бидете многу емотивни, но ако можете да ги изразите овие чувства преку спортски натпревар или пишување, ќе бидете задоволни.
РАК
Денешиот ден е добар за патување, средба со пријатели и забава. Разноликоста добро ќе ви годи, затоа барајте можности да го направите денот поинтересен. Некои од вас ќе се најдат пред избор – дали да постапувате според сопствените правила или да ги задоволите блиските.
ЛАВ
Денеска не ги игнорирајте сигналите што ги испраќа вашето тело, но не одете во крајности – веројатно ќе си вообразите дека сте болни или дека вашата ситуација е посериозна отколку што всушност е. Ако денеска се чувствувате напнати или збунети, имајте на ум дека можеби претерувате со проблемите.
ДЕВИЦА
Бидете повнимателни денеска доколку треба да дадете пари или да купите нешто. Одредете што ви е поважно и не го фрлајте парите за ништо. Можеби ќе треба да анализирате некои од вашите грешки од минатото и, ако е можно, да ги направите потребните корекции.
ВАГА
Денеска ќе имате шанса објективно да ја процените комплицираната ситуација од изминатите неколку дена, па дури и понепристрасно да ги истражите сопствените чувства, без да се заглавите во драматизирање. Може да се појави некој домашен проблем, но добро размислете што би можеле да направите за да го решите. Ако преземете правилна акција, ќе можете да ги надминете вашите грижи.
ШКОРПИЈА
Денеска тврдоглаво и упорно ќе го браните своето мислење, а тешко некој да ве победи во вербален дуел. Сепак, размислете дали вреди да го правите тоа, можно е на блиска личност да ѝ е потребна вашата поддршка, а не од тоа вие да им ја натурате вистината. Користете ги зборови за да помогнете, а не да судите.
СТРЕЛЕЦ
Денеска љубовта ќе биде облечена во романтика повеќе од вообичаено, а емоциите ќе ви бидат прилично жешки. Меѓутоа, ако имате конфликт со партнерот, обидете се да му пристапите пријателски и не обидувајте се, директно или поскриено, да ја принудите другата личност да направи нешто против нејзината волја. Запомнете дека искрениот разговор е подобро решение.
ЈАРЕЦ
Погрижете се да имате доволно време за одмор денеска, бидејќи за многумина од вас следната седмица ќе биде поинтензива, а за некои поемотивна. Телото ќе ви даде сигнали доколку ги занемарите неговите потреби за храна и сон. Затоа овојпат не ги игнорирајте, инаку резултатот нема да ви се допадне.
ВОДОЛИЈА
Денеска заборавете на работните грижи и проблеми, како и да е, промените кои доаѓаат во наредните денови и седмици нема да бидат под ваша контрола. Отфрлете се од обврските и разговарајте со луѓе кои имаат пооптимистички поглед на животот. Денеска не е добар ден за важни работи, одложете ги за подоцнежна фаза.
РИБИ
Денеска ќе мора да си признаете дека сте имале премногу нереални очекувања од некоја личност или ситуација. Не се лутете, бидејќи секој има периоди кога дозволува чувствата да му го заматат здравиот разум. Денеска тешко ќе ги завршите задачите, па подобро опуштете се и малку оладете го ентузијазмот.