Живот и стил

Денес готвиме: Фокача со печен домат

Денес готвиме: Фокача со печен домат

Фокачата со печени домати е совршена комбинација од крцкава и мека погача збогатена со сочни и слатки домати.

Состојки:

300 мл млака вода
2 лажички сув квасец
2 лажици маслиново масло
500 грама брашно
1 лажица шеќер
1 лажица сол

Прелив:

5 зрели домати
1 зелена пиперка (или лута пиперка)
1 главица црвен кромид
Сол, бибер, оригано
3–4 лажици маслиново масло

Подготовка:

Замесете го тестото од наведените состојки и оставете го да нарасне околу 30 минути. Додека тестото нараснува, измијте го зеленчукот, исецкајте го на покрупно и пропржете го на масло во тава, малку на омекне, потоа додадете ги зачините. Откако тестото ќе нарасне, префрлете го во тава за печење претходно намастена со маргарин и развлечете го така што рабовите да бидат малку подигнати, како кај пита. Распоредете ја смесата од домати одозгора и израмнете ја со лажица. Печете во рерна на 180°C додека не добие златно-жолта боја – околу 35 минути. Исечете и послужете топло!

фото:freepik

To top