Петар Младеновски или попознат како Пеце „Суперхикс“ ја откри својата тајна вештина или спацијалност за која се усовршуваше, па и самиот стана свесен дека ја поседува и има талент.
Па така, од својот Фејсбук профил Пеце откри дека може да биде и професионален дресер за миленици, откако неговата мачка на дело му укажа дека е толку вешта да биде дискретен провалник, во случајот само по дома, што Пеце мораше да сними и да покаже јавно до каде успеал со дресурата на мачката.
Во описот на објавата се пошегува и дека од обична мачка може да ја преобрази во вешт провалник и тоа само за пет дена, а услугата како понуда може да ја побараат и други кои ќе посакаат да имаат вака испраксан миленик.
-Професионален дресер и учител на разни вештини за вашите миленици – “Пеце-Вет”
Телефон за контакт: 003899904653682
И меил: пецевет@мац.мк
Веб: www.одмачкадопровалникза5дена.мк
Ве очекуваме!
Освен тоа што сега за првпат откри дека го бидува со домашни миленици, другото кое е добро познато е дека може да се пофали и со 30 години јубилеј на „Суперхикс“ со својата банда инструмементале со кои закажаа концерт за 29-ти јуни.
View this post on Instagram
Исто така минатиот вторник во општина Кисела Вода го промовираа и својт нов албум „Сила и нервоза“.
За онаа од погоре, секако деталите се кај Пеце!
фото:Facebook/ Petar Mladenovski