Од ријалити ѕвезда, модел, моден блогер, инфлуенсер, рапер, спортски директор на кошаркарски клуб, советник во општина Куманово, а по најново или последно, фитнес тренер во Аду Даби, за Дарко Петковски Спејко се’ се врти околу промените.
Промените за Спејко тргнаа откако во 2015 година стана победник во ријалити шоуто „Големиот Брат“ и освои 95 илјади евра.
Тогаш она со што сакаше да се поднови, да си направи мерак на душа и да потроши дел од парите, познатиот кумановец реши да си купи автомобил од марката БМВ.
Слично е и сега, само што за да може да си приушти ново и поскапо возило, Спејко повеќе од година работи како фитнес тренер во Емиратите.
А кога му се оствари како што вели, „неговиот сон“, Спејко како што е ред се пофали на Инстаграм.
Направи видео и фотографии со новиот миленик од марката Maserati Levante чија цена на пазарот се движи околу 100 илјди евра.
View this post on Instagram
Едно време Спејко во Абу Даби беше со неговата сега екс- девојка Хрисанта, но за него по некое непишано правило, со ново возило оди и жешка женска од совозачко…
Која ќе седне до Спејко, веројатно ќе видиме наскоро…
A…и да, со здравје да се вози!
фото:Instagram printscreen/spejko