Радио Милева доста беше ергенлук...

Дарко Чурлинов се жени: Можеше да стане кумановски зет за македонска поп ѕвезда, но македонскиот фудбалски репрезентативец реши да однесе пред олтар убава Гркинка (ФОТО)

Дарко Чурлинов се жени: Можеше да стане кумановски зет за македонска поп ѕвезда, но македонскиот фудбалски репрезентативец реши да однесе пред олтар убава Гркинка (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец и интернационалец Дарко Чурлинов се жени. Тоа е веста која одекна не само во спортскипот свет, туку и во естрадните кулоари, а ги полни и страниците на порталите и останатите медиуми.

 

Напаѓачот ја искористи паузата во европскиот фудбал, поточно во Полска, каде што во моментов со голем успех настапува за тимот на „Јагиелонија“, за да ја побара за сопруга неговата актуелна девојка.

Добро упатените знаат дека нејзиното име е Филипа и таа е од Грција. Веќе извесен период Чурлинов е во љубовна врска со неа, а убавата Гркинка нашиот репрезентативец решил да ја одведе пред олтар.

Периодов на Чурлинов му се случуваат само добри нешта. По проблемите кои ги имаше во Англија, со неиграњето во Барнли, па здравствените проблеми кои за среќа не оставија речиси никакви последици,  сега животот на нашиот интернационалец оди во добра насока… И професионално и приватно.

Заигра конечно како што треба, како што сите очекувавме, има полна минутажа во полскиот тим, а и во дресот на Македонија почна да ги покажува игрите кои се достојни на неговата репутација и фудбалски квалитети, а приватно… Реши да и го стави вереничкиот прстен на својата сакана и ја побара раката на убавата Гркинка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Churlinov🃏 (@churlinov7)

Кога е неговата приватност во прашање, да ве потсетиме дека Чурлинов претходно беше кусо во врска со уште една млада македонска ѕвезда, само не спортска туку естрадна.

Имено, како што своевремено веќе пишувавме,  Дарко Чурлинов и младата македонска поп пејачка, кумановката Мартија Станојковиќ,пред две години  беа во љубов. Веста тогаш одекна како бомба а ја проследија македонските портали, откако блиска пријателка на новата љубовна двојка на своите Инстаграм приказни објави фотографија на која Дарко и Мартија во занесот на љубовната еуфорија, страсно се бакнуваат!

Дури и се шпекулираше дека ако врската успее да опстане на подолго време, може да се случи Мартија да се пресели во Англија, каде тогаш Чурлинов беше член на  екипата на „Барнли“ која игра во англискиот Чемпионшип, најсилната втора лига на светот!

Арно ама… како што многу не се знаеше за нивната љубовна романса, така истата изгледа пукна како меур од сапуница… Можеби заради онаа старата: „Далеку од очите , далеку од срцето“, која сега со развојот на технологијата и мобилните конекции е конципирана малку поинаку: „Далеку од телото, бакнежите и допирите,  далеку од срцето“!

Се надеваме дека овој пат ќе биде обратно… Блиску и до срцето и до саканиот, чија следна фудбалска дестинација по Полска, можеби ќе биде токму Грција и некој нпрволигаш од нејзиното фудбалско првенство?!

Фото: Инстаграм/filippa.ksanta/churlinov7

To top