Живот и стил

Дали вежбате наутро или навечер? Има разлика!

Дали вежбате наутро или навечер? Има разлика!

За да се одреди користа од вежбањето во одредено време во денот, една мала студија опфати 27 активни жени и 20 мажи и го мереше нивниот фитнес напредок во текот на 12 недели. Учесниците започнаа на исто основно ниво на фитнес, а студијата ги следеше разликите во зголемената сила, губењето на стомачните маснотии или салото на стомакот и други здравствени индикатори. Учесниците имаа и урамнотежена исхрана богата со добри хранливи материи.

Придобивките од утринското вежбање

Во оваа студија на активни луѓе, учесниците кои завршиле тренинзи за сила наутро (од 6 до 08 часот) покажале не само подобрувања во јачината на долниот дел од телото во вежбите како што се чучњеви, туку и значително намалување на вкупните телесни масти, вклучително и стомачните масти.

– Важно е да се нагласи дека поволните промени во составот на телото настанале без промени во телесната тежина – прецизира студијата.

Придобивките од вежбањето во вечерните часови

Што се однесува до вечерните вежби (од 18:30 до 20:30 часот), учесниците од оваа група имаа подобар успех во зголемувањето на силата, моќта и издржливоста на горниот дел од телото.

Што се однесува до составот на телото, т.е. на мускулите и маснотиите, жените кои вежбале навечер сепак имале намалување на вкупните телесни масти, но помалку значително од нивните колеги кои вежбале наутро.

Наместо тоа, беше откриено дека имаат подобар успех со целокупниот мускулен раст, што може да биде корисно да се земе предвид кога се гледаат фитнес цели.

„Вежбањето во вечерните часови може да ги подобри перформансите на мускулите на горниот дел од телото и можеби да го подобри расположението“, забележуваат авторите на студијата.

Што се однесува до мажите, оние кои вежбале навечер доживеале иста промена во составот на телото како утринската фитнес група, но вежбањето навечер имало и позначително намалување на вредностите на крвниот притисок, пишува mindbodygreen.com.

Извор: Попара

To top