Центарот на светот на младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ секако е нејзиниот син Александар.
Наследникот на Александра повеќепати се појавуваше на сцената на концертите на нејзината мајка, а колку се блиски покажуваат нивната вербална и невербална комуникација.
Иако пејачката секој слободен момент го поминува со синот, поради бројните обврски неизбежно беше да има и дадилка.
– Најчесто го оставаме кај мојата и мајката на Филип, а придружуван е и жена која се грижи за него и која ја сметаме за член на семејството. Александар стана миленик на нашите семејства, па сите се натпреваруваат кој ќе помине време со него – изјави во една прилика Пријовиќ за „Глорија“, откривајќи кои критериуми морала да ги исполнува дадилката на малиот Александар.
– Имавме строги критериуми при изборот на дадилка. Ни беше важно таа да биде грижлива, да ги сака децата и да учествува во неговото воспитување на најдобар можен начин. Го најдовме токму тоа – изјави пејачката која не сака претерано да споделува фотографии од момчето со јавноста.
View this post on Instagram
Исто така, дадилката на малиот Александар има само пофални зборови за Филип и Александра, како што им се доверила на пријателите, тие се многу грижливи родители и малиот Александар е опкружен со неизмерна љубов, а мама и тато ја исполнуваат речиси секоја желба.
фото:Instagram printscreen/