Марија Станковска сопругата на македонскиот учесник на најгледаното регионално музичко натпреварување – „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски е во блажена состојба.
Тие го очекуваат своето прво дете откако во фебруари 2025 та, Филип со избраничката се венчаа во најголема тајност.
Филип сега објави фотографии на Инстаграм на кои позира во прегратка со саканата, додека тој го држи нејзиното трудничко стомаче.
Преку фотографиите споделија колку се среќни, а Марија покажа колку се чувствува моќно и привлечно за време на бременоста.
„Одбројување“ – кратко напиша Филип во описот на објавата.
View this post on Instagram
Парот за големата радост пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм соопшти предходниот месец, во месец април.
На кратката приказна тогаш пејачот сподели видео каде заедно со сопругата позираат на Козјак и ја покажаа снимката од ехо прегледот.
Инаку, младиот пејач беше еден од финалистите на „Ѕвездите на Гранд“ во 2018 година, а вниманието на публиката го привлече со своите вокални способности, но и со интересните кореографии.
foto: printscreen/instgaram