Радио Милева совршена дестинација...

Бојана ич не знае што и недостига: Откако во Штип ги испразни, пејачката тркна до Виена на „полнење батерии“!

Бојана ич не знае што и недостига: Откако во Штип ги испразни, пејачката тркна до Виена на „полнење батерии“!

Откако минатиот викенд, поточно на 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, Бојана Скендеровски го одржа својот бесплатен солистички концерт кој донесе вечер исполнета со музика, емоции и блиска средба со публиката, пејачката не чекаше ни миг за да смени и локација и дестинација и држава… Се разбира само за кратко, чисто од туристичко-рекреативни причини.

Имено откако ја остави „душата на сцената“, Бојана се врат во Скопје, набрзина се спакува и заедно со целото семејство замина надвор од Македонија. Пејачката во Штип емотивно се испразни, па австриската престолнина Виена беше изборот да замине на неколку дена на „полнење батерии“.

 

А Виена како град на уметноста и културата сега и оддблизу ја воодушеви пејачката. Сместена во апартман во самиот центар на градот, Бојана воздивнуваше по прекрасните градби, единствената архитектура, извајаните уметнички зданиа, широките пространи плоштади каде секое ќоше е музеј.

 

Престолнината на моќта на Австроунгарската империја која нуди илјадници можности за култура и еден поинаков туризам кој не се сведува на јадење пиење и кафеана, туку многу повеќе ви ја храни душата со духовна храна. Иако, Бечката шницла и Захер торта никако не смеат да се заобиколат, сепак во себе чувствувате една сосема поинаква хармонија помеѓу телото и духот, на пример кога ќе поминете покрај Виенската филхармонија.

Или што би рекла и самата Бојана, Виена е совршена за неа… А и за секој друг што барем малку  поинаку и поразлично ги поима културата и уметноста, од кафеанска певаљка или турбо фолк концерт на едикојси „сељобер“ од некое од соседствата.

„Виена… ми недостигаше“  – и самата споделила пејачката покрај фотографиите од преубавата австриска престолнина во која таа со семејството уживаше!

А Бојана… Ич не знае што и недостига!

Фото: Инстаграм/bojanaskenderovski

 

To top