Пејачот Бобан Рајовиќ и неговата сопруга Драганa отпатуваа на хрватското крајбрежје, каде што веќе неколку дена уживаат во одмор, далеку од професионалните обврски.
Неговата сопруга штотуку го фотографираше во опуштено издание, а Бобан Рајовиќ ја сподели фотографијата со своите следбеници на Инстаграм.
Набрзо следеа бројни коментари, а сите се согласија за едно – пејачот, кој влезе во шестата деценија од животот, изгледа неверојатно и се гордее со завидна фигура. Неговиот младешки изглед предизвика вистинска лавина од реакции, а многумина го пофалија за дисциплината и енергијата што ја зрачи.
Рајовиќ ја користи оваа пауза за да ги наполни батериите за важен проект што го подготвува – надвор од светот на музиката. Иако сè уште не открива детали, блиски извори откриваат дека станува збор за нешто сосема ново и необично за него, што би можело да ги изненади дури и оние што го следат со години. Се чини дека Бобан е подготвен да излезе од својата зона на удобност и да влезе во сосема нова професионална авантура.
фото: printscreen/instgatram