Потребно е:
4 пилешки батаци
4 лажици мед
2 лажици соја сос
2 чешниња лук (сецкани)
1 лажица маслиново масло
сол, бибер по вкус
Подготовка:
Во сад измешајте мед, соја сос, лук и маслиново масло. Оваа маринада прелијте ја врз батаците и оставете ги да отстојат 30 минути. Во тава загрејте го маслото и пржете ги батаците додека не поруменат. Намалете го огнот и гответе уште 20 минути, повремено прелевајќи со маринадата.
Фото: FreePick