Радио Милева тотални странци

Барбара Бобак отворено за разделбата со Дарко Лазиќ: „Беше турбулентно“

Барбара Бобак отворено за разделбата со Дарко Лазиќ: „Беше турбулентно“

Пејачката Барбара Бобак неодамна отворено проговори за својата музичка кариера, за своите почетоци, но и за поранешната врска со колегата Дарко Лазиќ.

Како што откри, поранешните партнери денес повеќе не комуницираат, што го смета за сосема нормален след на настани по раскинувањето, и објасни зошто никогаш не објавила „валкан веш“ во медиумите.

Иако кариерата на Барбара не е проследена со скандали, пејачката призна дека нејзината љубовна врска со пејачот била главна тема во медиумите.

– Беше турбулентна врска, да бидам искрена. На крајот од врската, избрав да не ја отворам Пандорината кутија. После сè, продолживме по нашиот пат, немавме ништо што нè врзува и што можев да кажам сега… Тоа беше мој избор во тој момент, мојата врска, не е во ред да го обвинувам, не сум некој што е самобендисан. Не стоев во ничија сенка, ниту повредив никого, така што тоа не е мој манир – рече Барбара.

Во понатамошниот разговор, таа откри дека денес нема апсолутно никаков контакт со Дарко Лазиќ. Единствениот пат кога се сретнале беше на комеморацијата на Саша Поповиќ, но потоа, како што вели самата, „не видела никого и ништо“.

– Сега сме тотални странци, буквално. Тоа е нешто што е исто така нормално. Не е само со него, така е генерално и во мојот живот… До ден-денес, сè уште не разбирам зошто сè беше толку скандалозно и шокантно за сите. Кога бевме на почетокот на нашата врска, бев строга дека не сакам јавно да се знае дека се забавуваме, за да не испадне како што испадне – објасни Бобакова.

Иако денес е една од најбараните пејачки, Барбара откри дека нејзините интереси порано биле сосема различни и дури се срамела да пее пред други…

фото:Instagram printscreen/barbara.bobak

To top