Аца Амадеус ја шокираше јавноста кога откри дека неговата сопруга наводно користи наркотици. Затоа тој поднел барање за развод по 35 години и се откажал од ќерка си затоа што таа била на страната на мајка си. После тоа, тој го префрлил целиот имот на децата на својот брат.
– Поднесов барање за развод. Не е пријатно кога ќе ја фатиш жена ти со дрога. Не претпоставив дека ја консумира. Се’ беше чудно, малку се исплашив, да ви кажам – изјави клавијатуристот за „Hype.rs“, кога видел дека нешто чудно се случува и кога парите почнале да исчезнуваат од куќата.

Иако би ѝ простил на жената од човечка страна, не може да ѝ прости на ќерката. После тоа, тој го префрлил целиот свој имот на децата на својот брат.
– Секако, мојата ќерка е на нејзина страна, затоа се откажав од неа. Сè е оставено на децата на мојот брат Боки, тој свири со мене, го познавате. Знаете како вели покојниот муфтија Зукорлиќ: „Предавството не се простува“, што се однесува до ќерката. Супер е со жена ми, нема трето лице меѓу мене и неа. Едноставно не сакам да се занимава со дрога.

Аца опиша и како било да се раздели од сопругата, што, вели тој, не му било тешко.

– Заминав на свирката и им реков „Не сакам да ве видам повеќе“. Таа отиде кај својот татко во Ниш, а јас сум тука. Немавме ништо еден против друг. Иако имаше расправии, сè беше во интерес на семејството. Но кога наркотиците ќе влезат во куќата, тогаш… навистина не можам да прејдам преку тоа. Воопшто не сум против тоа, секој си има свој живот. Имам докази и ќе побарам вештачење на суд, ќе одам до крај. Не разговарав со неа, нема за што да се зборува. Јас дури и не се сеќавам. Тоа не е шок за мене. – рече тој и додаде дека ја блокирал ќерка си секаде.

Фото: Инстаграм/acaamadeus_shelby







