Радио Милева од лошо, полошо

Антониа Гиговска се огласи со благодарност за „Чукај чукај“, ама хејтерите брутално ја нападнаа најжстоко што може „Кој ќе ти каже “браво” те лаже!“ (видео)

Антониа Гиговска се огласи со благодарност за „Чукај чукај“, ама хејтерите брутално ја нападнаа најжстоко што може „Кој ќе ти каже “браво” те лаже!“ (видео)

Иако се вели дека секое чудо три дена трае, за најновата музичка преработка на Антониа Гиговска и Благица Павловска „Чукај чукај“  ова како да не важи и апсолутно го имплицира спротивното.

Иако на трендинг за многу брзо време песната стана број 1, негативните ракции никако да стиват.

Антониа вчеравечер (понеделник 4.Април) сакаше да им испрати благодарност на сите кои ја пофалија за новиот и храбар музички потфат, пеејќи ги стиговите на „Чукај чукај“ додека сопругот во позадина ја следи на синтисајзер.

Арно ама, ова не баш им се допадна на сите кои без трошка задршка решија со најбрутални реакции  да се почувствуваат повикани за нејзиното пеење, па дури и за нејзиниот маникир.

„Кој ќе ти каже “Браво” те лаже!Те молам-замолувам не ке*ај кога пееш . Фалш од А до Ш ! Не те навредувам туку ти ја кажувам реалноста“, „Едно те исто, смени нешто во изразот, стилот“, „Зошто кога пееш се напнуваш?“, „А ноктиве за каде…?“ и уште многу вакви и брутални коментари се редеа под објавата.

Антониа пак, не е од оние што знаат да го избришат она што не им се допаѓа, или да им возврати, па дури и за вака најбруталното што осамнува на нејзинте објави.

Истата тактика ја има и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски алијас Џокер, кој неодамна дури ги собра и ги објави на својот Инстаграм најжестоките навреди упатени на сметка на неговата фризура од спотот за истата песна каде тој е музички гостин.

Очигледно младите и актуени естрадни сопружници се недопирливи кога злите јазици ќе ги нападнат, ако барем едниот е посензитивен, тука е другиот за да го држи балансот.

Дали е Антониа или Џокер, сосема неважно, нека тече работата, а такви што нешто нема да им се допадне, секогаш ќе има!

фото:Facebook/ Antonia Gigovska

To top