За популарната фолк пејачка Анета Љумковска, минатото е минато и таму треба и да остане, па дури и кога физичкиот изглед е во прашање.
Уште откако се разведе, познатата битолчанка почна да ја менува својата појава и имиџ на кој сите навикнале да ја гледаат. Битолчанки се познати по тоа дека се едни од најстокмените Македонки, а ништо покуса не е ниту Ането која трендовите почна да ги следи во чекор.
View this post on Instagram
Косата е онаа што прва трпеше промени, подоцна килограмите кои доста ги намали, а разликите беа видливи и во имиџот.
Смела, со младешки дух и енергија, Анета не изгледала никогаш подобро, особено со најновата трансформација од милион долари за која беше задолжен популарниот битолски стилист Алек Палада кој ја направи Анета самата да не може да се препознае во огледало.
Косата значително ја скрати, ја обои руса, а шминката со ефект на зголемени усни дополнително направи таа да изгледа сосема поразлично.
Публиката ја сака Анета ваква или така, ама за новиот изглед нема кому не се допадна.
Што мислислите вие?
фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701