За неа велат дека е најпознатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, иако и самата на моменти индиректно, па и директно признава дека правилата се тука за да се кршат, а исклучоците токму и ги потврдуваат тие правила. Но, едно е индивидуален иклучок, а друго се континуитет на исклучоци, кои потоа стануваат „поинакво правило“ од она вистинското, што би требало да биде некаков стил на живот!
И ако е правило за сето она што го работиш и резултатите од него, другите да те пофалат и оддадат признание, Ана Стојанова реши да го „скрши“ и ова правило и не пропушти прилика сама да си се пофали! И тоа како што вели, во едно од најискрените рекламно-мотивирачки видеа што досега ги снимила и објавила на нејзиниот Инстаграмн профил.
„Јас сум Ана Стојанова и секако дека имам ослабено најмногу жени во Македонија“- ја започнува својата маркетинг сторија инструкторката и продолжува:
„И покрај тоа што немам ‘изрендани’ стомачни…
Да бев најголемиот спортски фанатик, немаше да го пронајдам полесниот пат.
А, тоа се брзи, но ефикасни тренинзи кои донесоа резултати на илјадници девојки“ – раскажува Ана, па со салатичка, сиренце и струмичка мастика, признава дека правилата се тука за да се кршат:
„Стрелајте ме тренери, ама сирење и мастика во кафеана – не одбивам…“ – искрена е Ана.
„Се’ некогаш сум иста, секогаш фит. па дури и позгодна од година во година“ – со должна самопочит или самобендисаност се пофали инструкторката, па фалбата ја надгради уште со неколку сопствени адути во вид на комплименти: „Јас сум силна, здрава, фит и секси и за мене е тоа повеќе од доволно“ – раскажува Ана, додавајќи дека не и се само фитнесот и работата во животот…
Туку покрај нив има уште „еден мал милион обврски“ во денот, претворајќи се како Пепелашка – од вредна домаќинка во посветена инфлуенсерка!
А, потоа Ана удри со сета своја жестина по толку фалената и споменувана теретана: „Нема потреба да поминуваш часови во теретана, ниту да се откажуваш од омилената храна… Доколку те мотивира мојот изглед, доволно е да си дел од Армијата“ – им порача на своите женски следбеници сексапилната фитнес инструкторката повикувајќи ги да и се придружат.
За некои баеги самобендисана, за други проклето искрена, за трети „уметник за маркетинг“… Што и да е, Ана Стојанова во едно е и тоа како сигурна: „Кога имаш работа во која што уживаш, помагаш, а во исто време креативен си и твориш, нема шанси да погрешиш“!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/annstojanova