Придружниот вокал на ДНК и една од тројцата преживеани членови на групата во страшната несреќа, професорката Ана Костадиновска откако ги испрати до вечното почивалиште своите најблиски пријатели и драги колеги повторно се огласи на својот Фејсбук.
Овој пат неутешна и понатаму скршена од болка Ана најпрвин ја смени својата профилна фотографија на кусите приказни на Фејсбук профилот, на кој постираше една заедно со нејзината почината другарка и колешка Сара Пројкоска, покрај која напиша:
„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа… Ќе те сакам додека дишам и постојам, ќе болиш секој ден…!“
Два дена подоцна, Ана со уште еден емотивен пост… Таа објави нова заедничка фотографија со Сара Пројкоска од еден нивен настап, под која напиша стих од еден од познатите рефрените на песните на „ДНК“.
„…Јас и ти ко едно тело…“ – споделила Ана покрај заеичката фотографија на која додала емотикони од скршени срца.
Во меѓувреме Ана добива бројни пораки на поддршка и лично и преку социјалните мрежи и од најблиските пријатели, колегите, соработниците, но како професорка и од децата кои се нејзини ученици. Една таква, рачно напишана од две дечиња кои озаедно со пораката за брзо опоравување и испратиле и подароче, таа објави на својата Фејсбук страница:
„Драга професорке!Ви посакуваме брзо опоравување у пшто поскоро да ви се врати насмевката на лицето. Ве сакаме, Илија и Драгана“ – и порачале нејзините ученици, а нивната професорка им возврати на пораката полна со желби, па вопокрај објавата Ана напиша:
„Вие сте мојата насмевка и сила. ВЕ САКАМ деца мои“.
Фото: Фејсбук/Ana Kostadinovska