Радио Милева модно издание

Ана Ивановиќ го запали интернетот со своето „Вимблдон издание“: Овој пат не е во бикини туку во тесен фустан

Ана Ивановиќ го запали интернетот со своето „Вимблдон издание“: Овој пат не е во бикини туку во тесен фустан

Ана Ивановиќ не сакаше да го пропушти овогодинешниот Вимблдон, а со своите следбеници сподели стајлинг посветен специјално на овој турнир.

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ често привлекува внимание кон себе со своите објави на социјалните мрежи, а кога се појавува на некој од големите тениски турнири, секогаш ги воодушевува своите следбеници. Дури и по разводот од Бастијан Швајнштајгер, Ана стана поактивна на Инстаграм, на општо задоволство на сите нејзини обожаватели.

На нејзините објави доминираат оние за патувања, но има и внимателно одбрани модни изданија, како ова најново што го избра за Вимблдон. „Бидејќи деталите го прават целиот изглед. Инспирирани од Вимблдон“, напиша поранешната  најдобра тенисерка во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Ана за пригодата избра бело здолниште со шлиц, кој го искомбинира со бела кошула. Пораката на оваа боја е јасна, со оглед на тоа дека ова е „бел спорт“ и сите тенисери на овој турнир мора да го почитуваат тоа.

 

За да ја разбие монотонијата, убавата Србинка се одлучи за впечатливи зелени сандали со ременчиња, а зелената огрлица го даде последниот збор.

Ана Ивановиќ уште еднаш покажа дека, покрај спортот, е многу добра и во модата, што го потврдуваат сите пофални реакции под нејзините фотографии.

Foto: print screen/Instagram/anaivanovic

To top