Пејачката Александра Младеновиќ објави фотографија во костим за капење, а Инстаграм ја означи како направена со помош на вештачка интелигенција.
Згодната пејачка сподели објава во црн дезенски костим за капење, со натпис „морски живот“. На фотографијата, таа позираше во вода, а за кратко време доби неколку позитивни коментари и лајкови.
Сепак, можно е никој да не забележал еден детаљ во објавата на Александра Младеновиќ, во неа се вели дека фотографијата е изменета со помош на вештачка интелигенција.

Ако на Инстаграм пишува „содржина од вештачка интелигенција“ до фотографијата, тоа значи дека објавата е креирана или изменета со помош на вештачка интелигенција. Сепак, ознаката не мора да значи дека целата фотографија е креирана со неа.

Александра најверојатно користела некои од новите филтри на оваа социјална мрежа кои се создадени со помош на вештачка интелигенција, тие можат да ја менуваат позадината, облеката, фризурата и целиот амбиент на сфотографијата.

Едно е сигурно, Александра, често споделува секси фотографии од патувањата и во костими за капење кои не се уредени со оваа алатка, а нејзините следбеници не знаат која од која е подобра.
printscreen instagram/aleksandra_mladenovic_







