Охридскиот рокер од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски по осум години заеднички се разведе од сопругата Теодора, а веста за разводот на пејачот изненади многумина обожаватели. Сепак не беа сите разочарани, напротив многу од неговите обожавателки, припаднички на понежниот пол се израдуваа, потајно надевајќи се дека можеби во првата следна прилика ќе добијат шанса да се зближат со пејачот.
Јосифовски по разводот тврдеше дека приччината не лежи ниту во неверство, ниту е во прашање љубомора, туку едноставмно ете… повеќе не им одело и крајот бил неминовен.

Бргу по разводот Александар откри дека не само што го променил брачниот статус, туку решил да ја промени и локацијата на живеење.
Имено, охрижанецот обзнани дека се отселил од Македонија, па неодамна ги откри и деталите, дека неговиот нов дом е во срцето на српската престолнина Белград. Некои тврдеа заради она што му претстои, правењето сериозна регионална кариера, други пак дека е нешто повеќе од тоа во прашање.

Претпоставките дека по се изгледа станот „не е празен“, зашто очигледно во него има и други гости или можеби се и домаќини? Љубопитството деновиве беше целосно демистифицирано откако Јосифовски ја отвори и вратата на новиот дом, па покажа дека во станот навистина не живее сам.

Имено, Александар Јосифовски конечно призна дека по разводот не е соло во животот. Пејачот има нова девојка со која заедно живее во Белград. Нејзиното име е Ана Павиќ која барем според информациите објавени на социјалните мрежи има 28 години.

Ако до сега рокерот ја криеше од пошироката јавност, сега отворено ја покажа, а и прикажа во најдобро светло. Меѓу сето останато и како вредна и посветена домаќинка во кујната, која ја угости ТВ екипата со Карбонара паста и палачинки со Нутела.

Александар зборуваше за новата девојка со пиетет и комплименти, не негирајќи дека можеби наскоро може да се случи и нешто повеќе од само заеднички живот во врска.

Она што е евидентно дека Ана ја врзуваат и други нешта за Македонија освен љубовта со Гранд ѕвездата, а уште поочигледно е дека новата девојка на Александар Јосифовски во многу што физички наликува на неговата мајка Елизабета, исто така некогашна македонска фолк пејачка.

Можеби не се баш идентични, зашто и возраста им е различна, ама повеќе од јасно едека кога пејачот бирал, поразводот свесно или потсвесно избрал тип на жена што физички ќе потсетува на неговата мајка, која рака на срце изгледа многу помлада од што и стои во личната карта.

Впрочем, не случајно во почетокот кога не знаеа Јосифовски го прашуваа дали таа му е постара сестра, зашто навистина изгледа како да се брат и сестра што и самиот пјач тоа го признава.

Но, ако Александар и мајка му изгледаа така, сега Ана изгледа како да и е помала сестра на Елизабета?! Или што би рекле како да се две сестри?!

Впрочем погледнете го видеото и слушнете што се кажува охридскиот рокер за многу нешта, меѓудругото и за односот со новата девојка и неговата мајка…

И тоа отфворено и на цел глас, во емисијата „Не е лесно да си јас“…
Фото: Инстаграм/ Фејсбук и Јутјуб принтскрин/Ана Павић /alexandarjosifovski/Nije Lako Biti Ja




