Памела Андерсон повторно е во центарот на вниманието и невозможно е да го тргнете погледот од нејзините нозе.
Откако ја изненади јавноста со својата одлука да промовира сосема природен изглед, доаѓајќи на секој настан без шминка и ни даде можност да видиме како старее, поранешниот секс-симбол Памела Андерсон ја воодушеви јавноста со модна комбинација.
View this post on Instagram
Деталите кои ги носеше не оневозможија да го тргнете погледот од нејзините вити и затегнати нозе, а ова е еден од стајлинзите што таа го избра за да го промовира нејзиниот најнов филм „Последната шоу-девојка“.
Американската актерка беше фотографирана при пристигнувањето на телевизијата Би-Би-Си во Лондон за да зборува за својот нов проект, а се појави во совршена облека на Диор, која зрачеше со вистински дамски стил.
Па така ако некогаш шеташе гола по забавите на Хју Хефнер, денес таа важи за дама која очигледно сака да презентира дека го сменила животот од корен.
фото:Instagram printscreen/splashnews/pamelaanderson