Мегафон сродни сензибилитети

Академскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде автор на дизајните на плакатите за концертите на Националниот џез оркестар

Академскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде автор на дизајните на плакатите за концертите на Националниот џез оркестар

Академскиот сликар Сергеј Андреевски, ликовен уметник со меѓународна кариера оваа година ќе биде автор на дизајните на плакатите за концертите на Националниот џез оркестар (НЏО). Оваа година, дизајните на плакатите за концертите на Националниот џез оркестар ќе содржат дела на овој истакнат ликовен уметник.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Неговото творештво се движи во границите на постекспресионизмот, а импровизацијата и слободата на изразувањето се едни од главните одлики на џез музиката, па вксрстувањето на нашите сродни сензибилитети веруваме дека неминовно ќе вроди со плод, соопштија од НЏО.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Сликам како џез музичар. Јас сум сликар кој често патува и сонува низ светот, вкрстувајќи ги четките и насочувајќи ги своите потези кон сонцето. Светот е моето ателје. Мојата творечка припадност е стилот на постекспресионизмот, а тоа е бесконечна слобода на изразувањето. Звукот е мојот партнер при создавањето. Особено џезот; оти јас кога сликам, импровизирам – не случајно велам дека сликам како џез музичар“ – вели Андреевски.

 

To top