Радио Милева згодна, зар не?

Жешка риба во ладно море: Маја Гроздановска Панчева ја отвори бикини сезоната (фото)

Жешка риба во ладно море: Маја Гроздановска Панчева ја отвори бикини сезоната (фото)

Со месец мај не само што стартуваше пролетта, туку со повисоките температури како да дојде летото. А кога е така топло на сите првата мисла ни е една – плажа, море, езеро!

1-ви мај, иако не беше споен празничен викенд, многумина решија да го направат како таков на сопствена режија, а со тоа да направат бегство на југ и да се распостелат на морето под сончевиот зрак собирајќи витамин Д.

Една од нив беше и пејачката Маја Гроздановска Панчева која ја отвори бикини сезоната во мај, а го сефтоса и морето. А тоа, така сино – тиркизно, предизвикувачко и повикувачко за прво капење во ладна вода.

Маја влезе само во плиткото, чисто да ја проба, а да направи и еден фото- кадар за албум од море пролет- лето 2025-то.

Маја веќе ја гази шестата животна деценија, ама тоа на нејзината извајана фигура нема никакви знаци.

Вита, згодна, самоуверена и секси во црно бикини како совршен контраст на морското синило.

фото:Instagram printscreen/grozdanovskapancheva

To top