Радио Милева уздите во свои раце

Никола Роквиќ ослабе 20 килограми за 10 месеци, па гордо го покажа одразот во оглдало

Никола Роквиќ ослабе 20 килограми за 10 месеци, па гордо го покажа одразот во оглдало

Популарниот српски пејач Никола Роквиќ уште еднаш ги воодушеви своите следбеници, објавувајќи фотографија на која гордо се пофали со својата брутална физичка форма.

Најновата фотка е направена во теретана, каде пејачот позира гол до појас, покажувајќи ги своите исклесани мускули кои изгледаат како пред експлозија, а друштво во позирањето и покажувањето на мускулите му прават неговиот син Симеон и уште едно машко дете.

Овој симпатичен семеен момент веднаш предизвика лавина од позитивни коментари и комплименти на сметка на неговиот изглед, со оглед на тоа што пејачот успеа да ослабе дури 20 килограми за само 10 месеци. Како што самиот откри, оваа неверојатна трансформација е резултат на целосна промена на начинот на живот, која вклучува редовни интензивни тренинзи и комплетно коригирана исхрана.

Роквиќ објасни дека првпат во животот ги земал уздите во свои раце и дека целиот овој десетмесечен процес на правилна работа не му претставувал патење, туку вистинско уживање во секојдневието. Тој откри интересна тајна дека сега всушност јаде многу повеќе во споредба со периодот од пред неколку години, па го сподели и својот идеален доручек кој се состои од шест јајца, сирење и пршута.

Пејачот упати и силна мотивација до сите свои фанови, порачувајќи им дека се доволни само пет недели строга дисциплина за да се видат првите резултати, по што самиот напредок те тера да одиш напред бидејќи реално е глупаво да се враќаш на лошите навики кога ќе сфатиш дека границите на човечкото тело се многу подалеку отколку што мислиме.

фото:Instagram printscreen/nikolarokvic/extra_fm

To top