На 86-годишна возраст, вчера, среда 22 јули 2026 во Охрид почина Наум Бурназ, доајенот на македонската опера и познат изведувач на староградски и забавни песни.
Тој го посвети својот живот на музиката. Долги години беше дел од ансамблот на македонската опера од каде што замина во пензија. Во пошироката јавност останува запаметен и по својата изведба на охридските староградски песни, како и по неговите песни, помеѓу кои најпознати се „Бор садила мома Евгенија“, „1762 лето“ (Песна за патрикот) по текст на Григор Прличев, и други.

Во текот на својот живот Наум Бурназ и подари на јавноста безброј прекрасни безвременски интерпретации, а зад себе остави богата кариера исполнета со голем број антологиски изведби кои остануваат трајно запишани во македонската музичка ризница. Неговиот специфичен вокал и автентичниот пристап кон изворниот мелос ги освоија симпатиите на бројни генерации, правејќи го еден од најпрепознатливите гласови на нашата естрада.
Тој за својот долгогодишен придонес и афирмација на културата, тој беше одликуван со статуетка и клуч на Општина Кисела Вода за трајни вредности.
Бурназ почина по помалку од еден месец од смртта на неговиот син Петар.
Последното испраќање и погребот на Бурназ ќе биде денес, 23 јули 2026 година, на Градските гробишта во Охрид, од 13:00 до 13:30 часот.






