Радио Милева нова љубов?

По разводот Милан Калиниќ во друштво на мистериозна жена ужива на летување

По разводот Милан Калиниќ во друштво на мистериозна жена ужива на летување

Актерот Милан Калиниќ пред две години се разведе од сопругата Сандра со која има две деца, а набргу по тоа секој тргна по својот пат.

До денес по тоа прашање актерот и водител не се огласуваше, ниту на јавноста ѝ претставуваше каква било партнерка. И понатаму е непознаница дали вплови во нова романса. Сепак, неговата неодамнешна снимка ги фрли сите во ребус и ги отклучи нагодувањата дека срцето сепак му го украла нова девојка.

Тој, всушност, сподели видео во кое се гледа како скока во море, додека мистериозна жена го снима, а во прв план се нејзините долги нозе. Сепак, нејзиниот идентитет и нивниот однос засега не ѝ се познати на јавноста. Милан вели дека разводот е толку нормална работа во современото општество.

-Но, кога ќе погледнеш, разводите се случуваат многу, многу често, особено кај овие нови генерации. На крајот на краиштата, разводот е дел од животот. Мислам, ниту јас не му давам некои значење на тоа, ниту даваат другите. Не сум го забележал тоа на тој начин. Во разводите е страшно кога се случуваат на тој начин сè да се разурне, па и децата да патат. Тоа е страшно. Но, тоа е страшно и во браковите. Имаш бракови каде што сè е наопаку, катастрофа, и каде децата живеат во ненормални услови. За тоа може да се зборува. А за нормалните работи, нешто што е составен дел од животот, а што е во рамките на нормалното човечко, цивилизациско, тоа се нормални работи, вели Милан, а на прашањето дали тој и Сандра се во добри односи, одговара дека секако дека се во добри односи, дека се нормални луѓе и дека и понатаму, би можело да се каже, се многу, многу поголемо семејство отколку голем број бракови.

Неговата ќерка Теа неодамна прослави полнолетство, а водителот ни кажа колку е горд на својата наследничка.

Мојата ќерка е, знаеш што, сега глупаво е да се зборува за своите деца, но мојата ќерка навистина ги собра сите најубави работи и израсна во една преубава, но навистина преубава девојка. Онака, несвекојдневна убавина. Реално, сега не зборувам како татко, зборувам навистина реално. Мислам дека мојата ќерка израсна во една комуникативна, весела, паметна, социјално освестена личност. Тоа е она што ми е важно и на што сум горд. А ова е навистина уште еден плус и бенефит кој го доби од Бога, ете, и ваљда и тоа има причини зошто го добила – објаснува тој и вели дека ѝ дава татковски совети.

Што и дали наскоро ќе открие Милан која дама го украла неговото срце на местото на Сандра, останува да видиме…

 

To top