Времето лета, а спомените остануваат да нè потсетат на некои безгрижни, детски, тинејџерски денови.
Еден од нашите најпрепознатливи вокали, на социјалните мрежи сподели вистинско ретро парче историја – флешбек директно од далечната 1995 година.
На фотографијата е Никола Перевски – Пере, тогаш уште во својата рана младност, пред да стане фронтмен на култната група „Нокаут“ и да го освои македонскиот етер.

Со поразличен имиџ, но со препознатливиот поглед, Пере нè врати во еден поинаков живот, во времето на касетите, посетрите, маалските дружби и раѓањето на новата македонска поп-рок сцена, односно времето пред да се основа групата „Нокаут“ во 1997 година.
Пере продолжи со носталгичното патување низ времето, па по првата фотка, сподели уште еден автентичен момент од својата рана младост. Овој пат, тој нè носи директно во неговото тинејџерско катче.
Имено, ѕидот над неговиот кревет е целосно облепен со постери и исечоци од списанија со познати светски убавици и модели од тој период – слика која совршено ја доловува естетиката и тинејџерскиот бунт на деведесеттите години.

Ова парче ретро атмосфера веднаш нè враќа во ерата кога собите на младите беа нивниот личен креативен простор, а постерите од списанија најважниот декор.
Спомен кој кај многумина разбуди убави сеќавања на едно поедноставно и поинакво време.

Денес Пере зад себе има кариера со безброј хитови без кои не поминува ниту една забава, но овие фотки се одличен потсетник дека сите големи приказни имаат свој скромен и носталгичен почеток.
фото:Facebook/ Nikola Perevski/ Instagram





