Еден месец по нејзината прекрасна свадбена прослава, македонската пејачка Благица Ѕунзуровска реши дека е време своите фанови и пријатели преку социјалните мрежи да погледнат како изгледаше нејзиниот голем ден – свадбата!
Преку емотивни објави на социјалните мрежи, таа се наврати на денот кога го кажа судбоносното „да“, покажувајќи дека нејзината венчавка со избраникот Гордан Трајков беше сè за што некогаш сонувала — совршен спој на македонските обичаи и модерната елеганција.

Љубовната приказна на овој пар изгледа како сценарио од романтичен филм бидејќи пред точно една година, нејзиниот партнер ја побара за жена на уникатен начин за време на голем мото собир, опкружени со звукот на мотори и поддршката од нивните најблиски.

Таа романтична и бунтовна енергија ја преточија во свадба од соништата каде што секој детаљ беше внимателно испланиран.
View this post on Instagram
И покрај модерната нота, парот цврсто се држеше до традиционалните обичаи, правејќи ја прославата весела, автентична и незаборавна.

Благица блесна во волуменозна бела венчаница со раскошен корсет од тантела која совршено ја нагласуваше нејзината грациозност.

Еден од највпечатливите моменти беше веселото дефиле под македонското знаме кое ја симболизираше гордоста и почетокот на нивното заедничко семејно патување.

За македонската јавност, Благица е добро познато име на музичката сцена бидејќи беше победничка од втората сесона на „Некои нови клинци“, подоцна учестуваше и во регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Подоцна, односно во 2022 ја видовме со своето успешно дебитирање на „Макфест“. Младата пејачка исто така својот глас го позајмува и за цртаните кои ги гледаат најмалите.

Како новопечена сопруга, Благица сега влегува во едно ново, зрело поглавје од својот живот, најавувајќи дека среќата на приватен план ќе ѝ донесе уште поголема инспирација за создавање нова музика во иднина.
фото:Instagram printscreen/ dzunzurovska





