Откако пред некое време македонската ријалити старлета Моника Станојкова јавно прогласи дека решила да си печали без служба отворајќи свој сопствен профил на сајт за дружба, понудата не престанува да ја споделува дури и на својата Инстаграм страница.

Се разбира во границите на дозволента голотија, онолку, колку што Инстаграм дозволува. Она што се фотографии и видеа од неа за паѓање во еротски транс, љубителите на „сајз плус“ еротиката ќе мора да ги побараат на нејзината „Фиеста фанс“.

Ама затоа повикот за дружба може да биде и „гратис“ во служба на она што ќе биде платено „плакнење очи“, подоцна.

Така, Моника истегната во собно џакузи, заводливо ги трие ноџињата, додека под нив, а и нешто погоре меѓу нив, задоволно ја скокоткаат меурчињата што клокотат во кадата.
Во кусото клипче вметнат нејзиниот повик за дружба со напалените следбеници на „оние страници“.

“Влези да се забавуваме“ – ги мами своите „Фиеста фанс“ клиенти буцкастата ријалити учесничка, потенцирајќи дека влезот е тука – токму преку оставениот линк, кој светот на еротски мечти ќе ви го обои во „пинк“!
Дали Моника самата се снимала или имало и некој среќник што со неа го споделил и џакузи задоволството, засега останува непознато! Ако случајно и има, само нека ужива во забавата… И нека и мафне на камерата… Кој да знае, можеби ја има меѓу ѕвезденото небо сијалички на плафонот?!
Фото и видео: Инстаграм/stanojkovastar





