Ријалити ѕвездата Луна Ѓогани ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи кога објави фотографија во бикини и ја покажа својата природна фигура без филтри по две породувања.
Покрај атрактивното селфи од бањата, Луна испрати моќна порака за прифаќање на сопственото тело, истакнувајќи дека со гордост ги носи своите стрии, лузни и несовршености.

Со оваа искрена објава инспирираше многу жени и докажа зошто денес се чувствува попривлечно и посамоуверено од кога било претходно.

Пораката на Луна гласи:
„Моето тело никогаш нема да биде исто како пред првото дете, но тоа не би ни го сакала! Ова тело изнесе две бремености, две битија, сечено е 7 слоеви 2 пати и 3-ти пат поради интервенција (ендометриоза)… Го сакам мојот рез, стриите и малку вишок стомаче, дури самата на себе си сум многу повеќе секси отколку кога бев слаба и рамна како даска. Важно е што тебе ти се допаѓа и како ти се чувствуваш во своето тело. Бидејќи оваа супер жена може сè“ – напиша Луна.
фото:Instagram printscreen/luna_djogani







