Најпознатата фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот , атрактивната велешанка Ана Стојанова заврши со уште еден свој летен предизвик. Заедно со неа „Армијата Праскички“ и годинава уживаше, се рекреираше и тонусот го обликуваше на уште една мошне егзотична дестинација – Бразил, Копакабана и вечниот Рио.

Предизвикот заврши, ама летото тукушто почнува. Затоа инструкторката поита малку „да се одмори од одморот“, а патем да направи и по некоја нова летна фотографија на вода.

А кога Ана ќе реши да позира, возбудата е загарантирана во секоја пригода. Особено во вакво летно разголено издание, во ултра танга бикини, кои едвај ги покриваат сите телесни облини и празнини на расната инструкторка, која и овој пат целосно им се предала на летните уживања, поведена од својата животна филозофија која и за другите е нејзина препорака:
„Заработувајте пари, останете убави, раководете со вашиот бизнис, уживајте во вашиот живот, останете секси и… не грижете се“!


И додека острото око на објективот го лови секој кадар, надарената убавица во секоја нова поза се обидува што подобро да ја истакне својата раскошна телесна убавина.

А, кај Ана, далеку од тоа дека нешто недостига… Напротив, има толку многу да се види.

Особено кога ќе ги спои позирањето и уживањето во едно, од возбудливата глетка што ја нуди велешанката, никому не му е сеедно, па дури ниту оној што ја фотографира.

А како и би му било кога за суп даската на фитнес инструкторката не и треба едро…

Зашто Ана умее да весла и седеечки на „влажното седло“!

Впрочем, на ваквите пози не им треба најава… Од приложеното се гледа, дека како Ана Стојанова ретко која умее така да ја зајава… суп даската!

Фото: Инстаграм/annstojanova



