Дајана Пауновиќ, некогашната сопруга на Жика Јакшиќ, неодамна призна дека го решила прашањето за своето гробно место.
На семејството му соопштила дека сака да биде погребана на Топчидер, а веќе почнала и да се распрашува за цените.

– Неодамна почнав да размислувам за купување гробно место и да се распрашувам колку чини. На фамилијата им соопштив дека сакам да бидам погребана на Топчидер. Таму пораснав, таму е шума, природата е убава. Потоа сфатив дека има голема гужва, а тоа ми предизвикува анксиозност. Тогаш ја променив одлуката. Му реков на синот: „Мораме да се вселиме во куќа што има голем двор. Сакам да бидам сама, тоа ми е многу важно“ – изјави таа.
Дајана Пауновиќ го повикала и поранешниот сопруг Жика Јакшиќ за да го праша колку тој го платил своето гробно место.
„Животот е непредвидлив“, Жика Јакшиќ збунето ја прашал поранешната сопруга:
„Дали си ти нормална, за што размислуваш на тие години?“, а потоа свртел сè на шега, со коментар:
– Мислев дека ти ќе одиш во Алејата: Алеја на заслужни граѓани.

– Животот е таков, непредвидлив. Треба да се мисли на сè. Не сакам никому да оставам товар. Може утре да ме нема. Сакам тоа да биде решено – заклучи таа во емисијата на Гоца Тржан „Ако проговорам“.
фото:You tube printscreen/Instagram printscreen/dajana.paunovic






