Никол Шерцингер вчера го прослави својот 48-ми роденден, а по тој повод, ги почасти своите обожаватели со нови фотографии од плажа. Пејачката, најпозната како членка на Пусикет Долс, моментално е на одмор на Хаваи, а вниманието го привлече позирајќи во неонски бикини.

Никол на Инстаграм сподели серија фотографии направени на зајдисонце на плажата, која таа ја нарекува нејзина омилена. Таа позираше во неонско сино бикини и шапка со широк обод, а нејзините следбеници веднаш почнаа да ја комплиментираат во коментарите.
„Последен ден од оваа возраст и слатко чувство на зајдисонце, дома на мојата омилена плажа“, напиша таа во описот. Обожавателите коментираа: „Изгледаш неверојатно“, „Прекрасна си, Никол!“ и „Сè уште изгледаш толку млада“.
Подоцна објави видео од себе како пишува „47, наскоро ќе наполниш 48“ во песокот.







