Радио Милева сочни бакнежи

Јована Јеремиќ и „Тигар“  го запалија интернетот позирајќи во Италија – разменуваат нежности пред преполна плажа

Јована Јеремиќ и „Тигар“  го запалија интернетот позирајќи во Италија – разменуваат нежности пред преполна плажа

Јована редовно споделува детали од својот приватен живот со своите следбеници на социјалните мрежи. Таа овој пат  објави серија фотографии од одмор кои привлекоа многу внимание и коментари на интернет.

Водителката Јована Јеремиќ реши да направи пауза од работните обврски и за своја летна дестинација ја избра Италија, поточно прекрасната Сардинија. На ова романтично патување ја придружува нејзиниот избраник Милош Стојановиќ, попознат во јавноста како Тигар.

Како што нејзините следбеници веќе се навикнати, Јована Јеремиќ редовно и без двоумење споделува детали од својот приватен живот, па така и овој пат не изостана извештајот од одморот.

Таа објави серија фотографии на своите социјални мрежи кои привлекоа огромно внимание од јавноста и буквално „го запалија интернетот“.

Имено, водителката и нејзиното момче позираа во морето, а колку се вљубени покажува и фактот дека не можеа да ги контролираат своите страсти дури ни пред другите пливачи.

Милош ја држеше цврсто околу половината, додека страсно се бакнуваа пред сите присутни на преполната плажа.

Овие жешки кадри од водата, Јована ги придружи со самоуверен коментар во кој ја нагласи силата на нивната романса.

– Не е реклама за D&G, но сликите изгледаат како да е. Чиста љубов – напиша водителката во описот на фотографиите, јасно ставајќи им до знаење на сите дека моментално ги доживува своите најдобри денови.

foto: printscreen/instgaram/jeremicjovana

To top