Радио Милева во добра состојба

Пејачката Мина Костиќ излезе од психијатрија и ја даде својата прва изјава

Пејачката Мина Костиќ излезе од психијатрија и ја даде својата прва изјава

Пејачката Мина Костиќ деновиве ја напушти Клиниката за психијатриски болести „Лаза Лазаревиќ“, а партнерот на Мана Ќурувија- Каспер, како и нејзиниот брат Милан, дојдоа да ја земат, пишуваат српските медиуми.

Мина имала капа и очила на лицето, носела црн фустан и кратко им се обрати на членовите на Седмата сила велејќи дека е добро.

– Одлично сум, се чувствувам добро – кратко рече пејачката, која веднаш влезе во автомобилот со Каспер и нејзините браќа и се одвезоа во непознат правец.

Иако отпуштањето на пејачката беше закажано за вчера, тоа мораше да се одложи поради непредвидени околности.

Каспер, кој се појави пред болницата облечен во црно од глава до петици, не сакаше да комуницира со присутните новинари, а истото го правеше и откако излегоа надвор.

За време на нејзиниот престој во установата, тој ја посетуваше секој ден и ѝ носеше сите потребни работи.

Да ве потсетиме дека Мина Костиќ беше примена во здравствена установа на 31 мај во придружба на полиција, а беше задржана на лекување, како што објавија медиумите, поради тешка форма на анксиозност.

фото:You tube printscreen

To top