Помеѓу силниот звук на ударите во вреќа, капките пот и непоколебливиот фокус во рингот, македонската спортска сцена доби ново, моќно име во професионалниот бокс.
Нермин Неро Герлек, триесетгодишниот борец од Скопје, со крупни чекори се наметнува како еден од најсериозните претставници на домашниот бокс во крузер категорија.
Популарниот Неро неодамна беше гостин пред камерите на утринската програма на Канал 5 телевизија кaде со водителката Александра Пановска Илиевска зборуваше за кариерата, но и за пријателството со синот на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Вељко, кој наедно е и негов колега, односно ривал од боксерскиот ринг.

-Минатата година во месец јули требаше да имаме борба јас и Вељко. Меѓутоа, на него му се случи повреда и нели од спортски аспект јас само му пишав зашто имаше повреда на кичmата, почна со физикална, имаше сериозна повреда. Му пишав само побрзо да се опорави. Тој ми се јави и ми рече ова знаеш во денешно време кај што сите се арогантни и такви, држат некој став, ова е реткост. Ми се јави и така тргна нашето да речем дружење. Така и денес сме во контакт. Бев кај него на гости. Во Нови Сад спарингувавме, нели за да ја оствариме и таа борба да речам во позадина, раскажа Неро.
View this post on Instagram
Со ова тој покажа дека добриот гест, па макар и да изгледа како мал, говори многу за големината на човекот.

Инаку, Герлек со професионален скор кој веќе брои 8 победи и само еден пораз, не е само синоним за сурова дисциплина и разорни удари, туку и за спортска харизма која сè почесто ги полни салите и ги привлекува медиумите. Неговиот пат до рингот е приказна за жртва, непопустлив карактер и силна визија.
фото:instagram printscreen/__nero.g





