Македонскиот модел и горда сопственичка на бутик за женска облека во родната Гевгелија, Александра Накова најавува дека и ова лето е во совршена форма.

Жешките кадри од фотографиите во бикини во разни пози на различни летни локации се најдобар доказ за тоа дека гевгелиската убавица и понатаму има извајана задница, долги нозе, гигантска силиконска предница и ангелски лик… Мајка природа дала, естетската хирургија надополнила. Што би рекле некои „мераклии“: „Еднаш да ја видиш, на прва да се заљубиш“!

На морскиот песок како сирена крај брегот додека задоволно ги впива сончевите зраци хранејќи го телото со Д витамин…

… Или влезена до коленици во базенот ќе ви го разубави денот додека минијатурното бикини едвај ги прекрива бујните облини…

Секој еден поглед на разголената Накова ќе ве „закова„ за нејзините летни фото пози.

И кога се сонча на стомак легната или седната на лежалка, гевгелиската убавица зрачи со својата телесна убавина привлекувајќи го вниманието на себе.

Особено на неа како капки вода се лепат „влажните машки погледи“ на околината, па затоа многумина на шега велат дека кога Накова ќе се појави на плажа, жените ги вадат децата од вода, па ги пакуваат и работите и мажите и се враќаат дома!

Колку и да е шега, очигледно не се далеку од она што e вистина, a што го потврдуваат и оние што случајно или намернио се нашле на плажа или базен во нејзина близина!

На секоја нејзина фотосесијата не и недостасува приказна исполнета со уметничка еротика, неодолив сексапил и волшебна убавина каква што поседува Александра Накова.
Фото: Инстаграм/ naleksandraofficial





