Српската водителка Јована Јеремиќ е позната по своите остри изјави без цензура. Таа во неколку наврати упати брутални обвинувања на сметка на своите колешки.
Најмногу прашина во јавноста крена нејзината изјава во која тврди дека многу познати водителки се љубовници на моќни мажи и дека родиле деца од женети луѓе.
Во едно од своите јавни излагања, Јована Јеремиќ директно ги нападна колешките со следните зборови:

„Ќе проговорам за жените кои во медиумите се претставуваат како големи новинарки – секако, големи под знаци на прашање. Поентата на новинарството не е да бидеш непристоен. Тие новинарки немаат информации, тие лажат. Немаат два грама мозок, немаат знаење, па одат на безобразлук. Тие се исфрустрирани бидејќи немаат свои мажи. Тие се љубовници на влијателни мажи и не знаат кој им ги правел децата! Ќе ги разоткријам сите оние кои преку кревет дојдоа до своите позиции. Многу од нив ми се смеат затоа што рекламирам работи на Инстаграм, но јас сама си купив втор стан. За мене се знае дека не сум ку*ва и точно се знае кој ми е партнер.“
Јована постојано нагласува дека патот до успехот го изодела сама, додека некои нејзини колешки граделе кариера со тоа што биле во тајни врски со сопственици на телевизии и политичари.

Иако жестоко ги напаѓа жените на кои „љубовница“ им е професија (нагласувајќи дека таквите би ги „запалила на клада“), таа неодамна во медиумите како Блиц.рс призна дека и самата еднаш во животот била во врска со зафатен маж, но оправдувањето го најде во тоа што била изманипулирана и лажена.
Јеремиќ тврди дека оженетите мажи често ѝ се додворуваат, но дека таа јасно им става до знаење дека никогаш повеќе нема да биде втора опција.
фото:Instagram printscreen/jeremicjovana





