Радио Милева трка за паметење

Иџе со видео обраќање откако излета од патека и баеги го искрши Ферарито: „Ова беше најтешката трка во мојот живот“ (видео)

Иџе со видео обраќање откако излета од патека и баеги го искрши Ферарито: „Ова беше најтешката трка во мојот живот“ (видео)

На Игор Стафановски Иџе не му се посфеќи на последната трка изминатиот викенд во Чешка.

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше сериозно излетување со своето Ферари за време на првата викенд-трка на легендарната планинска патека „Ecce Homo Šternberk“ во Чешка. И покрај силниот удар во заштитната ограда каде што возилото претрпе значителни оштетувања тој повторно се позиционираше на старт од следната трка.

Во еден од свиоците на патеката Ферарито на Иџе загуби тракција и излета од идеалната линија по што беше сериозно искршено и оштетено, а за среќа Иџе беше без повреди.

Иако по првото возење изгледаше дека тркачкиот викенд е завршен, механичарите успеаја на импровизиран начин брзо да го оспособат автомобилот.

Самиот Стефановски преку социјалните мрежи изјави дека ова му е еден од најважните и најтешките пехари во кариерата поради исцрпувачката борба и начинот на кој стигна до него.

-Ова е една од најтешките трки во мојата кариера, дефинитивно. Исцрпувачка трка и за мене и за мојот тим. Како што знаете во првата трка имав стравично излетување, автомобилот го оштетив доста, можете да видите, буквално беше удрено на сите места, но го припремивме колку што можевме со тимот и цела екипа кои што помогнаа и дојдоа. Во второто возење некако успеавме да се појавиме на старт и да освоиме трето место. Пехар кој што ќе биде на многу високо место на мојата полица, бидејќи навистина заслужува бидејќи беше борба. Ви благодарам на сите, кажа Иџе во своето видео обраќање преку социјалните мрежи.

Иџе покажа неверојатна упорност, се појави на стартот на втората трка и со оштетен автомобил успеа да го освои третото место и да се искачи на подиумот.

Навистина секоја чест за истрајноста и употноста од моментите кога е најтешко дека откажување нема!

фото:Facebook/Igor Idze Stefanovski

To top