Промотер

„Фантастик бенд“ визуелизираа две музички гурбет приказни од кои ова е првата – „Млад на печалба“ (ВИДЕО)

„Фантастик бенд“ визуелизираа две музички гурбет приказни од кои ова е првата  – „Млад на печалба“  (ВИДЕО)

Членовите на „Фантастик бенд“ неодамна ги завршија снимањата на видеозаписите за нивните авторски песни: „Млад на печалба“ и „Ајде брате на наздравиме“.

 

Снимањето е направено на повеќе локации низ гостиварско, а во нив учествуваат дури  педесеттина статисти. Според сценариото двата спота се една приказна која има две продолженија, односно „Ајде брате да наздравиме“ се надоврзува на песната и спотот од „Млад на печалба“.

Авторот на видеото ја реализира замислата за приказна во која еден од двајцата браќа заминува на печалба. Тој во првиот дел, остава мали дечиња и жена, додека во вториот спот, помалиот брат му праќа покана за свадба и тој се враќа дома.

 

Автори на песната се: Душко Наумоски – музика, Драган Матески – текст и Љупчо Павловски – аранжман.

 

Новото видео може да се види на локалните ТВ станици како и на сателитската ИН ТВ кои ја негуваат македонската народна музика. Наскоро се очекува да биде завршен и постпродукцискиот дел за вториот спот. Инаку и двата изобилуваат со кадри од македонската традиција, печалба, свадба и други адети, а нив ги изработи и снимаше ИН продукција.

 

Како сето тоа звучи и изгледа во видеото за „Млад на печалба“, проследете во продолжение.

 

 

 

To top