Радио Милева машала, машала

Марија Луиса покажа на дело дека тешко може да се симне од тронот „кралица на бакшишот“

Марија Луиса покажа на дело дека тешко може да се симне од тронот „кралица на бакшишот“

За пејачката Марија Луиса  велат дека има нешто посебно што кога застанува пред публика на бина, тогаш од нејзината харизма се активира посебна магија од која бакшишот инстантно и се лепи.

Тоа дека е атрактивна и привлечна, осебено за настап, тоа кај неа си оди како по непишано правило, а пак кога ќе ја запее песната што ќе го „погоди“ оној или оние со подебел паричник и пошрока душа, е тогаш  денарите и девизите сами доаѓаат кон атрактивната битолчанка.

Оттука, не случајно ја нарекуваат „кралица на бакшишот“ која секогаш и секаде докажува дека со право си ја носи титулата.

Неретко на социјалните мрежи и написите по порталите осамнуваа фотографии во кои секапилната Марија не можеше да го додржи микрофонот, од што  рацете и беа преполни со банкноти, а истиот случај беше и минатиот мајски викенд.

Луиса квалитетно се „наполни“илјадарки и по некое евро, што можеби на крајот  и требало и вреќичка за да се однесе дома, особено ако носела помала „плик“ чантичка.

Марија Луиса Тодоровска дефинитивно тешко кој може да ја разниша, а камоли да ја симне од тронот кафеанска „кралица на бакшишот“.  Додуша, и  ретко која друга фолкерка во Македонија може да и парира, кога е екстра заработувачката во прашање.

Епа, со здравје и со мерак да си ги троши!

фото: Instagram printscreen/luisa.todorovska

To top