Има повеќе витамин Ц од лимонот.
Кивито е богато со витамин Ц, влакна и други хранливи материи, па затоа е вистинска витаминска бомба. Помага во регулирањето на високиот крвен притисок, го намалува ризикот од остеопороза, помага при несоница, го зајакнува имунолошкиот систем.
За кивито се вели дека е најздравото овошје во светот, иако ова не е научно официјално потврдено, бидејќи не постои единствена листа на „најздрави овошја“. Сепак, кивито се смета за едно од најхранливо богатите овошја поради големата количина на витамин Ц, влакна, антиоксиданси и калиум што се наоѓаат во него. Често е многу високо на листите на најздрави намирници, но истото важи и за боровинките, калинките, цитрусните овошја, авокадото и јаболката.
Еве како влијае на телото ако се јаде редовно:
Помага во намалувањето на крвниот притисок
Раните истражувања покажуваат дека консумирањето три киви дневно во текот на 8 недели го намалува крвниот притисок повеќе отколку ако некое лице јаде едно јаболко дневно, пишува „Webmd“. Исто така е одлично за проблеми со запек. Јадењето две киви дневно во текот на 4 недели го зголемило бројот на празнења на цревата кај луѓето со оваа состојба.
Создава чувство на ситост
Комбинацијата од влакна и ниски калории во кивито создава чувство на ситост, што помага во контролата на апетитот и го поттикнува губењето на тежината.
Помага при несоница
Кивито содржи серотонин, кој е поврзан со регулирање на спиењето. „Консумирањето киви пред спиење може да придонесе за подобрување на неговиот квалитет и времетраење, што го прави здрава опција за решавање на нарушувањата на спиењето“, тврди Батра. Богат е со антиоксиданси, вклучувајќи полифеноли и каротеноиди, кои помагаат во борбата против стресот и опуштањето.
Повеќе витамин Ц од лимоните
Кивито е познато по својата висока содржина на витамин Ц, кој игра клучна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем. „Едно киви може да обезбеди повеќе од препорачаниот дневен внес на витамин Ц и на тој начин му помага на телото да се одбрани од болести“, вели познатата индиска нутриционистка Архана Батра. Кивито има 92 мг витамин Ц на 100 грама, додека лимонот има 53 мг витамин Ц во истата количина овошје.
Извор: Попара
фото: Freepik







