По настапите во Љубљана и Подгорица, централниот настап на турнејата на Дина Јашари е на 25 мај во Белград — точно една година откако „Растенија без корен” беше објавен. На платото пред Музејот на Југославија, Дина го отвора 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU”, заедно со Љубичице (Србија) и Немечек (Хрватска) — тројца добитници на наградата „Милан Младеновиќ”, која Дина ја освои уште во 2022 со песната „Дома”. Влезот е слободен.

Во јуни турнејата продолжува на островот Крк (Хрватска), каде Дина е дел од изведувачите на SURF Festival — нов јадрански фестивал во своето прво издание, со интернационален програм и атмосфера далеку од масовните фестивали.
„Растенија без корен” е деби-албум составен од девет песни, интимен и жанровски музички дневник на Дина Јашари. Снимен на различни локации во текот на три години, со различни соработници, албумот го одбележа регионалниот музички портал Rockomotiva со место во топ 5 регионални албуми за 2025 година. Уште пред тоа, Дина ја освои наградата „Милан Младеновиќ” за 2022 со песната „Дома” — регионалното признание во чест на легендарниот фронтмен на Екатарина Велика. Албумот постои како винил издание и е достапен на сите дигитални платформи.







