Радио Милева хедонист

Вечер како ниедна друга: Тарабунов во егзотичен танц сo Кубанки (видео)

Вечер како ниедна друга: Тарабунов во егзотичен танц сo Кубанки (видео)

За Александар Тарабунов добро познато е дека музиката ја живее со секој негов здив – сака да пее, да компонира, ама според едно од најновите видеа од неговиот Фејсбук, Тара откри дека сака и да танцува на латино.

Љубовта кон танцот стигнала дотаму што неодамна на една таква незаборавна вечер со кубанска музика во Скопје, Алексндар не додржа, а да не заигра ча- ча – ча и за момент да им го украде шоуто на гостите.

А тие, веднаш ја почувствуаа неговата енергија, па му ја препуштија сцената за да си направи мерак на душа.

А во моментот кога и егзотичните танчарки му се прикулучија, тогаш задоволството и енергијата само се мултиплицираа за Тара да се деде до максимум од врцкањето со колкови.

-Браќа и сестри по душа. Колковите секогаш ја кажуваат вистината. Ви благодарам за енергијата, а понеделник никогаш не звучел вака, напиша тој како дополнување од објавата.

Убаво е човек кога знае да си го нахрани духот со она што му причинува задоволство, а на Тарабунов очигледно хедонизмот му е силна страна.

фото: facebook/ Aleksandar Tarabunov

To top