Радио Милева признание

„Преку музиката и медиумското влијание можам да оставам позитивна трага“: Теа Трајковска доби регионално признание за медиумско влијание

„Преку музиката и медиумското влијание можам да оставам позитивна трага“: Теа Трајковска доби регионално признание за медиумско влијание

Овој викенд македонската пејачка и инфлуенсерка Теа Трајковска беше во Црна Гора каде ѝ беше врачено престижно признание за позитивно медиумско влијание во Македонија. Наградата ѝ беше доделена во рамки на регионалната манифестација „Business Beat Conference 2026“, во организација на UMPCG.

По приемот на наградата, Теа во својата објава искрено се заблагодари за признанието и истакна дека преку музиката, работата и медиумското влијание се труди да остави позитивна трага и да биде мотивација за другите.

– Вчера ја имав честа да ми биде доделена награда во Црна Гора за позитивен пример на media influence во Македонија, на балканската регионална манифестација Business Beat Conference 2026 во организација на UMPCG.
Фала ви од срце. Благодарна сум што преку музиката, работата и медиумското влијание можам да оставам позитивна трага и инспирација и можеби да помогнам на некого, напиша таа.

Еден од впечатливите моменти на вечерта беше нејзината изведба на „Македонско девојче“, со која Теа внесе вистинска емоција на регионалната сцена и доби топол прием од присутните.

Ваквите настапи потсетуваат дека македонската музика и култура имаат амбасадори кои со стил и талент оставаат силен впечаток. Исто така не остана незабележан ниту нејзиниот стајлинг,  Теа се појави во елегантна и светкава креација која совршено ја долови атмосфера на настанот.

Foto: printcsreen/Facebook/ Teodora Trajkovska

To top